Кинескиот магнат во бизнисот со минерална вода, Жонг Шаншан ,го симна основачот на „Алибаба“, Џек Ма, од врвот на најбогати луѓе во Кина. Според листата на списанието „Хурун“, богатството на Шаншан се проценува на повеќе од 100 милијарди долари.

Жонг Шаншан (66), сопственик на фирмата „Нонгфу спринг“, лани беше трет на тој список. Заедно со својата „империја“ за минерална вода, Жонг го изгради и бизнисот со фармацевтската компанија „Бејжинг Вантаи“.

Компанијата за минерална вода е со седиште во источнокинескиот град Хангжу, каде што се наоѓа „Алибаба“ – најголемата платформа за интернет-трговија во светот.

Списанието „Хурун“, со седиште во Шангај, секоја година го објавува својот список од најбогати Кинези.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.