Повеќе од пет милиони луѓе го напуштија Вухан за празниците на Лунарната нова година и за време на епидемијата на коронавирусот во градот, а останаа уште девет милиони. Тоа го изјави градоначалникот Жу Сианванг.

Вухан е ставен во карантин од 23 јануари. Аеродромот, фериботите, метрото, јавниот превоз, железничката и автобуската станица привремено ја прекинаа работата и се затворени патиштата до други области на земјата.

Пневмонија предизвикана од коронавирусот за првпат беше пријавена кон крајот на декември во големиот кинески град Вухан. Досега кинеските власти потврдија повеќе од 2.000 случаи и 57 смртни случаи. Болеста е присутна во речиси секој регион во земјата, вклучително и Пекинг и Шангај.

Коронавирусот е откриен и во Австралија, Виетнам, Јужна Кореја, Малезија, Непал, Сингапур, САД, Тајланд, Франција и Јапонија.

Градоначалникот на Вухан, денеска рече дека очекува уште најмалку 1.000 нови случаи во градот. Тој изјави дека локалните власти ќе почнат со изградба на специјализирани болници за лекување на пациенти заразени од коронавирус.

Според кинески медиуми, само провинцијата Хубеи, каде е Вухан, има потреба од 100 илјади комплети медицински заштитни костими на ден. Тоа се околу три ммилиони за еден месец. Само 40 фирми во 14 провинции може да произведуваат таква облека.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.