Вкупно 27 проценти од членовите на Европскиот парламент пријавиле дополнителен приход, чија вкупна вредност е од 3,9 до 11,5 милиони евра, се наведува во извештајот на организацијата Транспаренси Интернешнл.

На европратениците им е дозволено да имаат дополнителен приход покрај пратеничките плати, но тие мора да дадат детали за нив и да бидат објавени во јавни извештаи за финансии, пренесува бриселски „Политико“.

Мониторинг групите изразија загриженост дека овие информации честопати се нејасни и дека дополнителната работа може да создаде судир на интереси.

Идентификувавме значителни дополнителни приходи и загрижувачки нејасни финансиски извештаи – вели Витор Теиксира од Транспаренси Интернешнл.

Во извештајот се наведува дека најголемиот дополнителен приход имаат полскиот европратеник и член на Европската народна партија (ЕПП), Радослав Сикорски, францускиот пратеник, Сандро Гози и данскиот пратеник, Асгер Круистенсен, кои се членови на партијата „Обнова на Европа“.

Десничарската партија Идентитет и Демократската група имаат најголем процент пратеници кои имаат дополнителни активности, односно 38 проценти. На второ место е ЕПП, а потоа следуваат Обнова на Европа и Зелените. Групата со најмал број пратеници со дополнителен приход е Левица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.