Првите официјални податоци за посета на училиштата во Англија за есенскиот почеток на учебната година покажуваат дека 88% од учениците се вратиле назад во училиштата, јавува БиБиСи.

Владата во Велика Британија ги повика родителите да ги испраќаат своите деца на училиште, со уверување дека ќе бидат воведени сите безбедносни мерки за да се заштитат од ширењето на Ковид-19. Одделот за образование на владата проценува дека 92% од сите државни училишта во Англија биле целосно отворени и дека 99,9% биле барем делумно отворени.

Националното здружение на наставници, иако ги поздрави бројките на ученици што се враќаат на училиште, предупредува на проблемот со добивање тестови на време кои предизвикуваат хаос за училиштата во моментов и може да го загрозат присуството на високо ниво.

Англискиот секретар за образование Гевин Вилијамсон изјавува дека „Најдоброто место за учење на децата и младите е во училницата и охрабрувачки е да се види дека минатата недела повеќе од седум милиони ученици беа со своите соученици и наставници во училиштата низ целата земја.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.