Бројот на заразени од коронавирус во светот денес надмина 6,5 милиони, но речиси половина од нив, поточно 3,1 милиони луѓе, се излекувани.

Според податоците на веб-страницата Worldometers, 6.414.023 луѓе во светот се заразени од коронавирусот, а 3.100.971 пациент се излекувани.

Бројот на активни случаи е 3.028.410, а од нив 54.243, што е околу два процента, се во сериозна состојба.

Најтешка е состојбата во САД, каде што се разболеле повеќе од 1,8 милион луѓе, а починале 108.567. На второ место по бројот на заразени е Бразил, со повеќе од половина милион пациенти, поточно 560.737, а Русија е на третото место со 432.227 случаи. Следуваат Шпанија со 287.012 заболени, Велика Британија со 279.856 заразени, Италија со 233.836 пациенти и Индија со 216.429 заразени.

Во другите земји има помалку од 200.000 заразени.

По САД, Велика Британија има најголем број смртни случаи – 39.728, а Италија е на третото место со 33.601 жртва. Бразил има 31.417 починати, а другите земји имаат помалку од 30.000 смртни случаи.

Кина, каде што беше откриен коронавирусот на крајот на минатата година, сега е на 17 место по бројот на заразени лица – 83.021, а 4.634 лица починаа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.