Повеќе од половина од германските граѓани се целосно вакцинирани, соопшти денеска министерот за здравство Јенс Шпан, но се повеќе се зголемува загриженоста за забавувањето на темпото на вакцинација

41,8 милиони Германци сега имаат целосна заштита, додека 61,1 проценти добиле барем една доза. Колку повеќе луѓе се вакцинирани, толку побезбедни ќе бидеме во есен и зима, напиша Шпан на Твитер.

Кампањата за вакцинација во Германија се забрза напролет по забавувањето во првите неколку месеци, но земјата сè уште е далеку од целта од 80 проценти од вакцинираните за постигнување „имунитет на стадо“. Темпото на вакцинација значително забави на претходните седмици, додека растат стравувањата од четвртиот бран на инфекции предизвикани од позаразна делта варијанта на коронавирусот.

За разлика од Франција и Грција, Германија досега исклучуваше можност за воведување задолжителна вакцинација за одредени групи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.