Повеќе од 200 претставници на Обединетите Нации во Сирија се заразени со Ковид-19.

Меѓу персоналот на ОН пријавени се повеќе од 200 случаи на Ковид-19, од кои некои се хоспитализирани, а тројца се медицински евакуирани – извести висок претставник на ОН во писмо што агенцијата Ројтерс го добила од заразено лице од локалниот персонал.

Како што се наведува во писмото, реалниот број на пациенти е веројатно уште поголем, меѓу кои има и членови на невладини организации што соработуваат со ОН.

Британските медиуми потсетуваат дека здравствената структура на земјата е веќе уништена од војната, а ОН се обидува да ги зајакне своите капацитети за борба против вирусот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.