Околу 2,500 туристи подготвуваат тужба против австрискиот скијачки центар Ишгл поради лошото постапување за време на епидемијата на коронавирусот и необјавување на информации за заразата, поради што многу скијачи се заразиле.

Популарното тиролско скијалиште е веќе под истрага од властите во Инсбрук, откако се појавија стотина случаи на коронавирус кои се поврзани токму со скијачкиот центар. Локалните власти се обвинети дека реагирале предоцна по првите знаци на појавата на вирусот, а тоа придонело за ширење на Ковид-19 во Европа, но и ширум светот.

Австриското Здружение за заштита на потрошувачите смета дека локалните власти се одговорни за доцната реакција на почетокот на епидемијата.

Само пет дена откако здружението на својата интернет страница упати повик за тужба, се јавиле над 2,500 луѓе, од кои 80% од нив се германски државјани. Сите тие се заразени со коронавирусот и се наоѓаат во самоизолација. Портпаролот на обвинителството во Инсбрук, Хансјорг Мајер потврди дека добиле пријава и полицијата ја започнала истрагата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.