Во изминатите седум дена поради високите температури во Јапонија починаа 57 лица, а хоспитализирани се 18.347 луѓе, соопштија денеска јапонските власти.

Тоа е најголем број хоспитализирани лица од 2008 година, од кога се води евиденција.

Од 18,347 хоспитализирани луѓе 729 се со симптоми за кои е потребно лекување повеќе од три недели, додека 6.548 имаат сериозни проблеми и потребно е пократко лекување.

Од лицата кои побарале лекарска помош 54,3 проценти се постари од 65 години. Исто така најголем број на хоспитализирани лица поради горештините се во Токио.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.