Најмалки 120 луѓе се задржани во полициските станици ширум Франција во саботата во текот на последователните протести на движењето Жолти елеци, пренесуваат вечерва медиумите.

Најмалку 89 луѓе се приведени на демонстрациите во Париз соопшти на Twitter префектурата на полицијата на француската престолнина. Според пресметките на весникот Parisien, кој се повикува на извештаите на полицијата од повеќе департмани, покрај задржаните во Париз каде што на улиците излегле повеќе од 800 демонстранти, уште 26 луѓе биле уапсени во Руан, шест во Бордо и две лица во Манпелје.

Ангажирањето на силите спреведувење на редот во време на демонстрациите во Париз овожнои да се спроведат 89 приведувања, особено во текот на дивите поворки“, се наведува во соопштението на париската полиција објавено на Twitter.

Весникот пренесува повикувајќи се на префектурата на полицијата во департманот Еро, дека на протесто во Монпелје се собрале 2.000, според власта, до 3.000 демонстранти, според процените на организаторите. Според телевизијата BFMTV, во протестот учествувале и околу 500 радикали. Во градот дошло до судири, при што демонстрантите фрлале „молотови коктели“ врз полициско возило, а полицијата неколкупати употребила солзавец.

Во Руан, Жолтите елеци фрлале разни предмети кон полицијата и подметнувале оган на улиците. И во овој град полицијата употребила солзавец. Во Бордо на улиците излегле повеќе од стотина пожарникари и неколку десетици демонстранти.

Масовни протести на граѓанското движење Жолти елеци започнаа на 17-ти ноември минатата 2018 година ширум Франција, првично со барање да не се зголемуваат данокот на дизел горивата и цените на бензините. Незадоволни од социјалната политика на владата на претседателот Емануел Макрон, демонстрантите секоја сабота и натаму излегуваат на улиците на француските градови, и покрај мерките кои франциските власти ги најавија за смирување на ситуацијата. Бројноста на протестите со текот на времето се намалуваше, но честопати тие се придружени со безредија и жестоки судири меѓу демонстрантите и полицијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.