Портпаролот на руското Министерство за надворешни работи Иван Начаев изјави дека Русија ќе употреби нуклеарно оружје само како последно средство.

Руската воена доктрина дозволува употреба на нуклеарно оружје само како одговор на заканата од масовно уништување или кога е загрозено самото постоење на државата – посочи Начаев.

Тој додаде дека „употребата на нуклеарниот арсенал е можна само како во самоодбрана и само во кризни ситуации“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.