Приметивте ли дека на видеата со хаосот на аеродромот во Кабул речиси и да нема жени. Каде се жените, зошто бегаат само мажи?!
Зошто ги оставиле сами, зошто нема ниту деца на видеата?
Испаѓа дека жените во Авганистан се двојно напуштени, и од Западот кој ветуваше слобода и демократија и од мажите кои во најголем дел беа соработници и работеа за Западот.
Жените најверојатно се кријат по подруми и дупки, не ги напуштаат децата, но колку долго може човек да се крие, ги чека монструозната Талибанска интерпретација на шаријата.
Ги чека затвор, со една ѕирка за очите, саркофаг на машката препотенција и неговата доминација над моќта и принудата.
Се надевам дека од тие 450 Авганистанци кои ќе ги примиме предност ќе имаат жените и децата – коментира аналитичарот Ивор Мицковски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.