На следната дебата меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и демократскиот ривал Џо Бајден ќе има таканаречени неми микрофони за да им се овозможи на кандидатите непречено да зборуваат за секоја тема за која ќе се разговара.

Како што објави претседателската комисија за дебати, промената се прави за да се избегнат прекините што доминираа на првата дебата и претворија делови од неа во мешавина на вербални напади и навреди.

Следната дебата, што треба да се одржи на 22 октомври, ќе биде последната шанса гласачите да ги видат кандидатите на иста сцена пред изборите на 3 ноември.

Исклучените микрофони ќе му овозможат на секој кандидат да даде непрекинато две минути воведни зборови на почетокот на секој 15-минутен сегмент од дебатата.

Штабот на Трамп соопшти дека се противи на промената, но Трамп, сепак, ќе учествува. Изборниот штаб на Бајден не даде коментар за исклучувањето на микрофоните.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.