Министерот за здравство на Франција, Оливие Веран, предупреди дека состојбата со епидемијата на корона вирусот во земјата е многу сериозна и дека бројките покажуваат дека на секои 30 секунди по еден жител на Париз се заразува со Ковид-19, а на секои 15 минути пристигнува нов пациент во болниците.

Во интервју за радио „РТЛ“, министерот Веран со оваа изјава индиректно одговори на барањата на градоначалничката на Париз, Ан Идалго, да се дозволи работа на помали книжарници и други мали продавници со цел да се одржи трговијата и основните социо-економски активности во Париз, кој е ставен во карантин.

Веран оцени дека таквата одлука би била премногу ризична, имајќи го предвид драматичниот бран на ширење на корона вирусот во главниот град на Франција.

Сакаме да ги спасиме и парижаните и народот на Франција и тоа ќе го сториме со решителност и доследност – изјави Веран.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.