Француската полиција уапси 59 лица за време на вчерашните судири со припадниците на движењето Жолти елеци, кои протестираат против Владата на претседателот Емануел Макрон.

Полицијата употрени солзавец и шок бомби, додека илјадниците демонстранти фрлаа камења и разни предмети врз полицајците.

Демонстрантите извикуваа пароли проти Макрон поради реформите на пензискиот систем.

Видео-снимката емитувана од француските медиуми на која се гледа апсење на момче чие лице е прекриено со крв предизвика бес кај демонстрантите, кои извикуваа „Макрон, доаѓаме по тебе во твојата куќа” и „Улицата е наша”.

Во петокот вечерта Макрон и неговата сопруга Брижит беа евакуирани од едне париски театар, откако демонстрантите упаднаа и ја прекинаа претставата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.