На претседателот на Сирија, Башар ал Асад, му се слоши во моментите додека имаше обраќање во Собранието.

Асад го прекина говорот пред пратениците на неколку минути затоа што не се чувствувал добро поради нискиот крвен притисок, по што тој продолжи нормално, јави сириската државна телевизија.

Телевизијата не објави други детали.

Тоа беше резултат на мал пад на крвниот притисок пред претседателот да го продолжи својот говор нормално – објави телевизијата.

Претходно истиот ден, државните медиуми објавија дека Асад ќе одржи говор пред пратениците по одржувањето на парламентарните избори минатиот месец, за што опозицијата и независните набљудувачи велат дека се фарса во земја управувана од партијата Баат.

Државните медиуми ретко известуваат за здравјето на 55-годишниот сириски претседател, кој авторитарно управува со државата речиси десет години, во која стотици илјади луѓе загинаа, а милиони се протерани и раселени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.