Во Белорусија покрај пандемијата од корона вирус се одржа воена парада на која присуствуваа илјадници луѓе, некои без маски, пишува „Гардијан“.

Претседателот на Белорусија претходно најави дека нема да ја откаже воената парада по повод Денот на победата, покрај тоа што Москва се откажа од тоа.

Илјадници луѓе, меѓу кои и ветерани од Втората светска војна, присуствуваа на воената парада во чест на Денот на победата.

Русија и останатите земји го откажаа военото дефиле, па Белорусија е единствена земја од поранешниот Советски Сојуз, која со воена парада ја одбележа 75-годишнината од победата над фашизмот.

Домашните и странските медиуми изразија загриженост поради парадата и масовното собирање во ек на епидемија.

Белорусија е единствена земја во која не прекинаа фудбалските натпревари иако до сега од епидемијата заразени се 21.101, а починаа 121 човек.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.