Главниот архитект на историските споменици на Франција, Филип Вилнев, предупреди дека Нотр Дам може да се урне поради ненормалната топлина што ја погоди оваа земја.

Беше забележано дека колапсот може да се случи за време на реконструкцијата на објектот.

Вилнев објасни дека сѐ уште има многу влага во ѕидовите на црквата што се насобрала по гасењето на пожарот во април и дека тоа, поради големата горештина, може да претставува опасност за конструктивното лежиште на објектот.

Работниците кои ги копаат остатоците по пожарот инсталирале специјални подлоги кои треба да го спречат наводниот колапс.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.