Царинските служби во пристаништето Фрипорт на Малта по само неколку дена, повторно запленија поголемо количество кокаин чија крајна дестинација требало да биде Албанија.
Запленети се повеќе од 91 килограм кокаин кој бил спакуван во 76 пакетчиња скриени во три контејнери. Вредноста на кокаинот се проценува на околу 10,3 милиони евра.

Запленетата дрога на Малта пристигнала од Јужна Америка. Два контејнера со над 43 килограми кокаин требало да бидат испорачани во албанското пристаниште Драч, а еден контејнер со 48 килограми во Солун.

Пред пет дена властите на Малта запленија 27 килограми кокаин, вреден 2,7 милиони евра, чија крајна дестинација, исто така, беше Албанија.

Од почетокот на годинава во пристаништето Фрипорт се запленети над 606 килограми кокаин, чија вредност на пазарот достигнува 68,2 милиони евра.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.