Американската регулаторна управа за комуникации (ФКК) ја укина дозволата за работа на комапнијата „Чајна Телеком“ во САД поради загриженост за националната безбедност. Одлуката на американската Федерална комисија за комуникации значи дека „Чајна Телеком“ сега мора да ги прекине услугите во САД во рок од 60 дена.

Оваа најголема кинеска телекомуникациска компанија има лиценца да обезбедува телекомуникациски услуги во САД речиси 20 години.

Последната информација нагло ја симна вредноста на акциите на кинеските технолошки компании на американските берзи, но и во Хонг Конг.

Од ФКК утврдиле дека Чајна Телеком е „предмет на експлоатација, влијание и контрола од страна на кинеската влада и веројатно ќе биде принуден да ги исполни барањата на кинеската влада без доволно правни процедури кои подлежат на независен судски надзор“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.