Виталиј Кличко, градоначалникот на Киев, призна дека на украинската метропола и претстои вистинска апокалипса доколку продолжат руските напади врз клучната инфраструктура на градот. Тој рече дека не е време за целосна евакуација на населението, но предупреди дека најлошото можно сценарио не е толку далеку.

Градоначалникот на Киев упати предупредување до граѓаните да подготват храна, вода, документи и топла облека во случај да мора веднаш да го напуштат градот.

Киев останува без струја, вода и греење. Можно е да не погоди апокалипса, исто како во холивудските филмови. Ќе биде невозможно да се живее на овие температури – изјави Кличко.

Како што вели, тие се уште се борат и даваат се од себе за да не дојде до такво сценарио.

Подготвивме околу 500 загреани засолништа, но… Во град со 3,6 милиони жители, ова не е ништо! За жал, ако продолжи да биде проблематично снабдувањето со електрична енергија, ќе бидеме принудени да ја цедиме водата од зградите. На овие температури , постои можност да пукнат цевки и би било загрозено целосното водоснабдување – заклучи Виталиј.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.