Градењето автопат е нешто што во Македонија трае со години, а и со децении. Но, има земји на кои им се брза да ги поврзат со автопат „Скопје и Охрид“. Во Индија, на пример, толку многу им се брза што изградија автопат за помалку од пет дена.

За само 105 часа и 33 минути тие направија автопат долг 75 километри. Проектот, на кој работеле 720 лица, започнал на 3 јуни во 7:27 часот, а завршил на 7 јуни во 17 часот.

Неверојатниот успех влезе и во Гинисовата книга на рекорди.

Иако проектот се води како автопат, сепак тоа би можело да е малку и дискутабилно, бидејќи според достапните фотографии патот изгледа многу потесен. Коловозните ленти се физички одвоени, но патот е многу тесен, а не се предвидени ниту ленти за застанување.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.