Властите на Филипини забрануваат влез на странски патници од САД.

Одлуката стапува на сила од недела, а причина за нејзиното донесување е откривањето позаразната мутација на корона вирусот на Флорида.

Забраната за патување, што ќе трае до 15 јануари, ги вклучува оние кои биле во САД 14 дена пред да пристигнат на Филипините – изјави Хари Рок, портпарол на претседателот Родриго Дутерте.

На патниците од САД кои ќе пристигнат на Филипините пред 3 јануари ќе им биде дозволен влез, но мораат да поминат карантин во траење од 14 дена, дури ако се негативни на тест за Ковид-19.

Ограничувањето не се однесува на Филипинците кои пристигнуваат од САД, но тие исто така треба да поминат 14-дневен карантин во здравствен објект кога ќе пристигнат.

Нова мутација на корона вирусот се уште не е откриена на Филипините.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.