Индиските железници поднеле кривична пријава против приватна компанија за пуштање видео со порнографска содржина на ТВ екраните на платформите на станицата Патна во Калкута.

Неколку стотици патници, меѓу кои и жени и деца кои чекале на пероните, биле шокирани кога виделе како се прикажува порно филм на екраните поставени на 10 платформи на станицата.

Експлицитната снимка се емитувала околу три минути, а било прекинато дури кога неколку патници се пожалиле.

Според индиските медиуми, агенцијата со седиште во Калкута, добила договор за емитување реклами на екраните, кои се користат за објавување на пристигнувањето и заминувањето на патничките возови.

Железниците го раскинаа договорот со агенцијата и повикаа на понатамошна истрага за случајот“, изјави претставник на Индиските железници.

Индиските железници почнале темелна истрага за случајот. Тие побарале од комерцијалниот оддел трајно да ја стави агенцијата на црна листа.

Индиските медиуми објавија дека раскрсницата Патна била во вестите за прикажување порно филмови на ТВ екраните и во средината на 1990-тите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.