Мукормикоза, габичната инфекција наречена и „црна габа“ се повеќе се шири во Индија по катастрофалниот бран на двојниот мутант на ковид-19, таканаречениот индиски или делта сој. Оваа ретка, но тешка инфекција која дополнително го ослабнува имунитетот, може да го уништи видот и да се прошири на мозокот.

Бројот на лица кои се заразиле со оваа инфекција во Индија драматично се зголеми за само еден месец, пишува Arstechnica.com. Минатиот месец беа пријавени меѓу неколку десетици случаи, за сега да има 31.000 познат случај низ земјата. Болеста на мета ги има пациентите со коморбидитети како дијабетес, а сега се покажува опасна и за оние кои го прележале коронавирусот.

Додека тамошните медиуми известуваат за над 2.100 смртни случаи од инфекцијата, здравствените власти во Индија сè уште не објавуваат официјални бројки.

Последниве денови од Индија пристигнуваат и вести за деца заразени со смртоносната габична инфекција, а на кои очите хируршки им се отстранети за спречување на понатамошно ширење на болеста во мозокот. Ndtv.com известува за три деца на возраст од 4, 6 и 14 години, заразени со црна габа, кои морале да одат на операција за отстранување на очите во Мумбаи.

Лекарите предупредуваат дека мукормикозата кај децата е загрижувачки знак.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.