Судот во Москва денеска им ги олесни условите за домашен притвор на братот на затворениот опозиционер Алексеј Навални, Олег Навални, и на неколкумина негови приврзаници, соопшти групата за набудување на протестите ОВД-Инфо

Британските медиуми пренесуваат дека Олег Навални, Љубов Собол, Људмила Штајн и Константин Јанкаускас првично беа ставени во домашен притвор заради непочитување на мерките против Ковид-19, за време на јануарските протести, организирани за поддршката на Навални.

Британските медиуми,повикувајќи се на Тасс, наведуваат дека московскиот суд со ново решение на четворицата им забранил да ги напуштат своите домови во периодот од 20 до 6 часот наутро.

Адвокатите на затворениот руски опозиционер, Алексеј Навални, кој во затворот штрајкува со глад, денеска изјавија дека неговата здравствена состојба се влошува, пренесуваат британските медиуми.

Амнести Интернешнл вчера предупреди дека Навални е затворен во услови што претставуваат тортура и можност за бавно убиство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.