Министерството за здравство на Саудиска Арабија соопшти дека муслиманите кои сакаат да извршат аџилак оваа година ќе треба да докажат дека се вакцинирани против Ковид-19.

Владата во Ријад подвлече дека вакцинацијата против корона вирусот ќе се смета за главен услов за учество во аџилакот во Мека.

Во соопштението не се прецизира дали и оваа година на аџилакот ќе можат да учествуваат само аџии од Саудиска Арабија.

Минатата година само мал број аџии од Саудиска Арабија добија дозвола да ја посетат Мека.

Оваа година, петдневниот аџилак почнува кон крајот на јули.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.