Надзорниот одбор на Фејсбук на Твитер објави дека ќе ја објави конечната одлука на 5 мај за суспендирањето на профилите на поранешниот американски претседател Доналд Трамп на нејзините платформи.

Компанијата го блокираше пристапот на Трамп до профилите на Фејсбук и Инстаграм, загрижени за можни нови немири, откако неговите поддржувачи го нападнаа Капитол на 6 јануари, поради што случајот подоцна беше предаден на Надзорниот одбор за понатамошно донесување одлуки, пренесува Ројтерс.

Одборот, формиран од Фејсбук, како одговор на критиките за справување со проблематичните содржини, во средината на април соопшти дека го продолжи периодот за јавни коментари за случајот, додавајќи дека биле забележани повеќе од 9.000 одговори на јавноста, што е рекорден број досега.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.