Рускиот министер за здравство, Михаил Мурашко, во вторникот изјави дека втората вакцина против Ковид-19 од земјата може да биде официјално регистрирана оваа недела.

Денеска, две руски вакцини се во фаза на клиничко испитување, додека едната е регистрирана. Планираме дека една од вакцините која клинички се испитува исто така ќе биде регистрирана и ќе се пресели во фаза на производство оваа недела, изјави Мурашко и додаде дека проширувањето на скалата за вакцинација против грип е од најголема важност за борба против пандемијата.

Во август, руското Министерство за здравство официјално ја одобри вакцината Спутник V, развиена од Институтот за епидемиологија и микробиологија Гамалеја во Москва.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.