Рускиот министер за здравство Михаил Мурашко во средата изјави дека критиката што Русија ја добила за вакцината против Ковид-19 е неоснована и нејзината главна причина е стравот од конкуренција.

Мурашко понатаму истакна дека во моментов се развива специјална апликација која ќе им овозможи на примателите на вакцината да следат какви било контра-ефекти што може да ги има лекот.

Неколку земји, вклучително и САД и Германија, ја критикуваа одлуката на Русија за пуштањето на вакцината. Во меѓувреме, Светската здравствена организација (СЗО) објави дека тие се во „близок контакт со претставниците на руските здравствени власти и дискусиите се водат во врска со можната претквалификација на СЗО за вакцината“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.