Бразилецот Елијас Нуњес опишал како тој и неговиот колега го преживеале рушењето на браната на југоистокот на земјата, кога загинале најмалку 150 лица.

Имено, на една снимка се гледа како река од кал со неверојатна брзина оди кон нивниот камионет додека тие се обидуваат да побегнат.

Слушнавме огромна бука, а прво си помислив дека минува воз. Кога дојдов до нагорнината, за да видам подобро што се случува, забележав дека кон нас доаѓа кал – рекол Елијас Нуњес.

Му велев на својот колега да бега бидејќи браната се руши. Притрча кон камионетот, се сопна и падна. Кога двајцата влеговме во возилото, планот ми беше да не одведам на безбедно. Веќе по 15 метри, калта ми го попречи патот, рекол тој.

Го завртев автомобилот и се обидов да побегнам, но калта не окружи од сите страни. Кога видов дека не можам ништо да направам. Го сопрев возилото и му реков на пријателот да се подготви за удар. Му реков дека дојде нашето време и дека треба да му се помолиме на Бога – опишал Нуњес.

Кога завршивме со молитвата, се најдовме на врвот од наносот на кал. Мислам дека во вакви ситуации е важно да не паничите и да не се откажувате- додал тој.

Во тој момент, кога таква сила на природата тргнува кон вас, мислите дека ќе умрете. Гледате како таа надмоќна сила носи возови и вагони. Мој камион за неа беше како зрно песок. Можевме само да се молиме!

Потсетуваме, браната се урнала на 25 јануари. Калта поплавила поголем дел од патиштата, а загинале најмалку 150 луѓе.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.