Дваесетиседумгодишен Украинец му го пресекол пенисот на човекот што му ја силувал сопругата. Инцидентот се случил во селото Шеченково, Украина.

Жената била во ресторан со пријателките. Го напуштила околу еден час наутро, но недалеку од дома ја пресретнал 25-годишниот Дмитри Иченко, кој ѝ ја покрил устата за да не може да вика и ја одвлекол во грмушките покрај патот.

Како што пренесува „Дејли мејл“, нејзиниот сопруг пристигнал по десетина минути и слушнал некакви звуци од грмушките, па се приближил и видел како Иченко му ја силува жената.

Прво го удрил по главата, а потоа извадил нож и му го пресекол пенисот. Вриштењето на силувачот ги разбудил сите околни станари.

Адвокатот на мажот, кој му го одсекол пенисот на силувачот, рекол дека неговиот клиент изгубил контрола.

Сега му се заканува затворска казна повисока од казната на силувачот. Ако биде прогласен за виновен, тој би можел да добие 8 години затвор, а силувачот пет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.