Рекордно високи температури се измерени деновиве во Австралија, каде жештините уште толку ги разгоруваат пожарите кои беснеат околу Сиднеј.

Додека асфалтот се топи, а секој се снаоѓа како ќе стигне за да се разлади, најмногу загрозени се животните. Исцрпени од жештина, птиците буквално паѓаат од небо. Некои од нив преживуваат, но кај некои не помага ни помошта од ветеринар.

На фотографиите се два папагала какату, кои не ги преживеаја пеколните жештини.

Здражението за заштита на животните сооптши дека спасени се стотици животни кои не се снашле добро на жештините и температурите над 47 степени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.