Турција предупреди дека Дојче веле и уште два странски медиума мора да добијат работна дозвола, во спротивно ќе биде блокиран пристапот до нивните платформи.

Високиот совет за радио и телевизија на Турција соопшти дека Дојче веле, Гласот на Америка и Евроњуз на турски јазик имаат рок од 72 часа за добивање лиценца за работа.

Илхан Ташчи, член на Советот и пратеник од опозициската Републиканска народна партија (ЦХП) изјави дека одлуката на Советот е уште еден обид за нарушување на слободата на медиумите во Турција.

Мнозинство, од вкупно девет членови во Советот, има владејачката Партија за правда и развој (АКП).



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.