Русија соопшти дека денеска ја погодила фабриката за производство на ракети во Киев, а тврдењата дека погодилe станбена зона во главниот град на Украина ги нарече „лажни“.

-Станува збор за фабрика за оружје Артиом која била цел на воена инфраструктура, соопшти руското Министерство за одбрана, додавајќи дека таа фабрика веќе ја нападнале во април.

-Лажна е веста дека руските сили гаѓале цивилни цели во Киев, соопшти руското Министерство за одбрана, додавајќи дека проектилите „прецизно ги погодиле работилниците на фабриката Артиом“.

Министерството наведува дека штетата нанесена на соседната станбена зграда е последица на падот на украинската противвоздушна ракета.

„Штетата не е предизвикана само одозгора, туку и одоздола, што ја потврдува верзијата за падот на украинската ракета за противвоздушна одбрана“, соопшти руското Министерство.

Украинските власти соопштија дека едно лице загинало, а четворица се повредени и се пренесени во болница во нападите рано утринава во станбена област во близина на центарот на Киев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.