Полицијата во Москва уште еднаш го уапсила опозиционерот и основач на Фондот за борба со корупцијата, Алексеј Навални.

Во моментов не е познато со какви аргументи властите го привеле, јавуваат западните агенции.

Навални на својот профил на Инстаграм напиша дека коха излегувал од домот пред него го чакал „мал автобус со ОМОН“ (одред на полицијата за специјални намени).

Во моментов тој се наоѓа во полициската управа на Даниловскиот реон.

На 20 јули, додека учествуваше на митинг на која се бараше дозволување независни кандидати на изборите за Московската дума, Навални упати ултиматум до изборната комисија на руската престолнина.

Ако за една недела не бидат регистрирани опозиционерите за изборите во Москва, следната сабота ќе влеземе во градската куќа – кажа тогаш тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.