Татко од Мелбурн со последните сили се бореше да го спаси својот двегодишен син отккао непознат човек под дејство на дрога се обиде да го киднапира.

Како што објави „Дејли мејл“, нападот се случил во ноември минатата година во паркот пред библиотеката „Престон“, а видеото од безбедносните камери се појави во јавноста дури сега.

Таткото во едната рака го држи ланецот од кучето, а во другата својот син во моментите кога од такси возило излегува осомничениот Мајк Росон кој веднаш го зграпчува детето.

Следува морничава борба помеѓу таткото и 41-годишниот Росон кој само еден час претходно бил пуштен од притвор каде што поминал неколку часа поради поседување наркотици.

Во еден момент Росон успеа да го зграпчи детето и тргна да бега, но за среќа по реакција на неколкумина други мажи детето беше спасено.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.