Шведската полиција објави соопштение со кое предупредува на вознемирувачки предизвик кој се шири на социјалните мрежи, во кој момчиња се повикуваат „да пипкаат девојчиња, чинот да го снимаат, да го објават и да го пратат на некого“.

Како што пренесуваат шведските медиуми, се работи за вознемирувачки предизвик на социјалната мрежа Тик Ток под името „пипкање“. Од учесниците се бара точно на 15 април да го направат предизвикот, да снимаат и објават.

Полицијата ги повикува возрасните да пријават сомнителни дела, а предупредени се училиштата.

-Причината поради која го издадовме предуредувањето е бидејќи сакаме на родителите да им обрнеме внимание на тоа дека однесувањето на детето може да биде криминално, вели Мануел Фирпо в.д. заменик-шеф на локалната полиција во област во Стокхолм.

Како што истакнува, предизвикот е закажан за 15 април, поради што полицијата смета дека предупредувањето е неопходно.

-Младите ова го гледаат како забавна работа, но не знаат какви последици може да има. Родителите може да ја искористат оваа прилика да разговараат со децата за тоа што е легално, а што непримерно или криминално. Мислам дека младите не ги знаат границите на она што е дозволено, а што не е од кривична перспектива, додава Фирпо.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.