Пријател на исламистичкиот терорист Кујтим Фејзулаи, кој на 2 ноември уби две и рани повеќе од 20 луѓе во центарот на Виена е осуден на две години затвор.

Овој 18-годишник со потекло од Бангладеш е осуден за кривично дело терористичко здружување од март 2018 година до октомври 2019 година.

Осудениот го охрабрувал Фејзулаи да се приклучи на Исламската држава иако во тој период момчето имало само 16 години. Обвинителството соопшти дека младиот човек го снабдувал Фејзулаи со видеа и врски со исламистичка пропаганда.

Според обвинението, во 2018 година, осудениот одлучил и активно да ја поддржи Исламската држава со дејствување. Тинејџерот, покрај тоа што собирал материјал од радикални проповедници, таквите содржини ги споделувал во разни групи на апликацијата Телеграм.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.