Водечкиот епидемиолошки стручњак во САД, Ентони Фаучи, најави дека кон средината на март, во САД ќе почнат испитувања на вакцина развиена од лабораторијата на компанијата „Модерна“ специфично наменета против јужноафриканската мутација на корона вирусот.

Испитувањата од првата фаза ќе почнат наскоро – изјави Фаучи на прес-конференција што ја одржа тимот на Белата куќа одговорен за борбата против епидемијата на Ковид-19.

Фаучи прецизира дека првично нема да се проучува „ефикасноста, туку само безбедноста и имуногеноста“ на производот, односно неговата способност да предизвика имунолошка реакција, додавајќи дека првата фаза ќе се спроведе на мал број луѓе.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.