Претседателка на Комитетот за семејни, женски и детски прашања во руската Државна дума, Нина Останина, изјави дека вкупно 260.000 руски државјани се мобилизирани во рамките на делумната мобилизација, која завршува следната недела.

По средбата со заменик-министерот за одбрана, Николај Панков, Останина соопшти дека во средата, на 19 октомври, тој соопштил дека бројот на мобилизирани е 251.000 од планираните 300.000, а дека сега таа бројка достигнала 260.000 и оти останале само 14 отсто до постигнување на планираната бројка.

Останина потсети дека рускиот претседател Владимир Путин на 14 октомври изјави дека мобилизацијата ќе заврши за околу две недели.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.