Епидемијата на корона вирусот во Бразил се повеќе и потешко ги погодува младите. Податоците од болниците собрани минатиот месец, покажуваат дека мнозинство од пациентите коишто се хоспитализираат на интензивна нега се помлади од 40 години.

Извештајот е објавен од бразилската Асоцијација за интензивна нега и се базира на податоци од повеќе од една третина од одделите за интензивна нега во државата, кои бележат голем пораст на бројот на пациенти кај помладата популација на кои им треба интензивна нега.

За првпат од избувнувањето на пандемијата во Бразил, 52 проценти од капацитетот за интензивна нега се пополнети од пациенти помлади од 40 години.

Во последните 24 часа во Бразил се регистрирани повеќе од 82.000 нови случаи на заразени со Ковид-19, со што вкупниот број достигна 13,5 милиони.

Бразил е трета земја во светот според бројот на заразени и втора според бројот на смртни случаи од последиците од инфекција со корона вирусот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.