Најмалку 15 лица загинаа во стампедо пред пакистанскиот конзулат во Џалалабад, каде околу 3.000 граѓани чекаа ред за виза.

Стампедото се случи вчера кога насобраните почнаа меѓусебно да се туркаат, пренесува Ројтерс.

Единаесет од 15-те жртви се жени, а меѓу повредените се и стари лица, рече Сохраб Кадери, член на покраинскиот совет.

Барателите на виза се туркаа за да добијат жетон од претставниците на конзулатот, метежот излезе од контрола и доведе до стампедо, рече еден официјален претставник.

Десетици илјади Авганистанци патуваат секоја година во Пакистан, претежно заради лекување, едукација и работа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.