Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ја намали својата прогноза за глобалниот раст поради тоа што очекува глобалната економија да расте побавно поради војната во Украина и постојано високата инфлација.

Во својата прогноза, ММФ очекува глобален раст од 3,2 отсто оваа година, 0,4 процентни поени помалку од очекуваното во април.

За еврозоната, ММФ очекува растот да биде за 0,2 процентни поени помал од прогнозите во април, на 2,6 проценти.

Војната во Украина може да доведе до ненадејно запирање на европскиот увоз на гас од Русија; инфлацијата би можело да биде потешко да се намали отколку што се очекуваше доколку пазарите на трудот се позатегнати од очекуваното или ако инфлациските очекувања не се зацврстат – се вели во извештајот на ММФ.

Годинава ММФ очекува стапка на инфлација од 6,6 проценти во индустријализираните земји и 9,5 отсто на пазарите во развој, што се нагорни ревизии од 0,9 и 0,8 процентни поени.

Во САД растот на економијата е ревидиран на 2,3 проценти поради понискиот раст на почетокот на оваа година, намалената куповна моќ на домаќинствата и построгата монетарна политика.

Во Кина, повторното зголемување на бројот на заразени со Ковид-19 и карантините, како и понатамошната ескалација на кризата во секторот за недвижнини може дополнително да го потиснат растот на земјата, ревидиран за 1,1 процентен поен на 3,3 отсто, со големи глобални прелевања.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.