Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ги повика европските влади да не ја субвенционираат скапата електрична енергија со финансиски интервенции.

Наместо тоа, меѓународната кредитна институција, порачува тие да дозволат потрошувачите да го носат товарот на повисоките цени за да се поттикнат да штедат енергија.

ММФ смета дека државите единствено треба да ги заштитат најзагрозените семејства во таргетирана поддршка. Големата побарувачка на енергија би значело и понатамошен раст на цената.

„Владите не можат да го спречат губењето на реалниот национален доход кој произлегува од ударот на пазарните нарушувања. Тие би требало да дозволат зголемувањето на цените на горивата целосно да премине на крајните корисници, за да се поттикне заштеда на енергијата и напуштање на фосилните горива“, се наведува во блогот на европската гранка на ММФ.

Според ММФ, потрошувачите се тие кои треба да се прилагодат на енергетскиот шок. Кредиторот очекува цените да останат високи неколку години и буџетската поддршка би била „нездрава“ долгорочно.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.