Исламската држава ја презеде одговорноста за стршниот напад на бомбаш самоубиец на свадба во Кабул , каде загинаа 63, а се повредени над 180 гости. Младоженецот Мирвас Елми и неговата невеста го преживеаја нападот, а тој низ солзи раскажува за трагедијата. Тој во самоубиствениот бомбашки напад го загубил својот брат и голем број роднини.

Мојата невеста и моето семејство се во целосен шок, не можат да разговараат. Постојано паѓаат во несвесност. Ја изгубив целата надеж. Брат ми беше убиен, ги загубив роднините, моите пријатели. Никогаш повеќе нема да доживеам среќа во животот – рече видно потресениот младоженец.

Тој потврди дека е во сериозно тешка психичка состојба.

 Не можам да одам на погреби, премногу сум слаб. Знам дека ова нема да биде последно страдање на авганистанскиот народ, страдањата ќе продолжат – рече тој.

Таткото на невестата им кажа на новинарите дека изгубил дури 14 членови на семејството во вчерашниот напад во сала за венчавки во Кабул , каде што имало 1 200 гости и сватови , најголемиот број од шиитско малцинство.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.