Дваесет и четиригодишната Англичанка Бетан Гаскин почина, откако ја преполнила устата со јафа колачиња (ресани).

Сè почнало како игра „Кој може да собере најмногу колачиња во устата?“, која Бетан ја предложила.

Кога ја преполнила устата, дел од храната се заглавила во нејзиното грло. Таа се обидела да ги исплука, но не успеала. Откако дишните патишта ѝ се затвориле, таа се онесвестила, по што доживеала и срцев удар.

Според англиските медиуми, Бетан, која е мајка на едногодишно дете, починала во болница пет дена по инцидентот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.