Две езера во Аргентина, во крајбрежниот регион Патагонија, станаа флуоресцентни розови поради се уште необјасниви причини. Локалните екологисти стравуваат дека таквата појава можеби е предизвикана од индустриска контаминација.

Езерата се наоѓаат во близина на индустриски парк во предградието на аргентинскиот град Трелеу. На официјалната страница на Општината Трелеу се наведува дека службениците неодамна наишле на камион кој фрлал отпад во езерата.

Аргеннтинските власти имаат спротивставени мислења дали промената на бојата на езерата е штетна, но еколозите се многу загрижени, затоа што претпоставуваат дека обоеноста на езерата потекнува од бојата што компанијата во близина ја користи за одгледување ракчиња.

Еколозите предупредуваат дека обоеноста на езерата покажува дека лошо се раководело со отпадот.

Локалните и регионалните службеници за заштита на животната средина ги истражуваат причините и потенцијалните штети за езерата, но се уште немаат донесено заклучоци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.