Министрите за трговија на Г-20 се обврзаа дека ќе промовираат „праведна распределба“ на вакцините против Ковид-19, особено со укинување на „ограничувањата за извоз“, како и дека ќе работат на „мултилатерален и транспарентен систем на тргување“.

По состанокот во Соренте, во јужниот дел на Италија, италијанскиот министер за надворешни работи, Луиџи Ди Мајо, чија земја претседава со Г-20, истакна дека нивната усвоена заклучна декларација е знак за „почнување на мултилатерализмот“.

Треба да обезбедиме поголема циркулација на вакцини и фабрики за нивно производство во земјите во развој – истакна францускиот министер за надворешна трговија Франк Ристер за време на состанокот.

Во светот се проиозведени повеќе од шест милијарди дози вакцини против Ковид-19, но само 1,4 проценти од жителите на земји со ниски примања се вакцинирани, наспроти 58 проценти од богатите земји, соопшти на почетокот на октомври генералната директорка на Светската трговска организација (СТО), Нгози Окоњо-Ивеала.

Приближувајќи се до 12. министерска конференција на СТО закажана од 30 ноември до 3 декември во Женева, таа ги повика членовите на организацијата да договорат „силен одговор на пандемијата“ и да ги постават основите за „поправедна распределба“ на вакцините.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.