Германскиот министер за здравство Јенс Шпан е позитивен на ковид-19, потврди денеска Министерството. Тој во карантин дознал дека е позитивен, јавува ДПА.

Шпан бил тестиран откако неколку дена имал симптоми слични на настанки, а сите луѓе кои имале контакт со него се информирани дека е болен.

Германскиот министер за здравство Јенс Шпан, кај кого попладнево беше потврден новиот коронавирус, учествуваше на седница на германската Влада утрово, но засега другите министри не треба да бидат ставени во карантин, изјави портпаролот на Владата.

Според него, правилата за физичко растојание и хигиена се строго пропишани во владата.

Според германските медиуми, канцеларката Ангела Меркел нема да оти во карантин.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.